Барселона се обидува да се договори со Манчестер сити за трансферот на Жоао Кансело, но прво мора да продаде барем два играчи за да може да си го приушти, тврди „Мундо депортиво“.
Португалецот Кансело е во конфликт со менаџерот Пеп Гвардиола, кој во јануари го прати на позајмица во Баерн Минхен, и по одлуката Кајл Вокер да остане на „Етихад“, е непожелен во неговиот состав. Барселона ќе се обиде да ги продаде Клемен Ленгле и Сержињо Вест за да го комплетира трансферот, а каталонскиот клуб е подготвен и за договор за позајмица без обврска за купување.
Барселона повторно има проблем со регистрирањето играчи во Ла лига и поради тоа, Ињаки Пења, Маркос Алонсо и Ињиго Мартинез не беа дел од составот кој играше во првото коло против Хетафе. За Дест засега нема заинтересирани клубови поради неговата висока плата, но за Ленгле постои опција да замине во Саудиска Арабија.