Top Sport

Соиграчите од Дортмунд не го трпеле Џуд Белингем

Играчите на Борусија Дортмунд се пресреќни што Џуд Белингем замина во Реал Мадрид бидејќи сметале дека младиот Англичанец секогаш сакал да биде во центарот на вниманието и ги иритирал со неговото однесување, тврди германскиот „Билд“.

Според нивните извори, Белингем прво се чувствувал во сенка на Ерлинг Халанд и не го споделувал тимскиот дух во клубот. Наводно, од него неколку пати било побарано да биде лидер на тимот, но тој немал вакви квалитети и било тешко да се задоволи, што донело до тензии во клубот. Тие посочуваат на инцидентот од Лига Европа во 2021/22 кога беа елиминирани од Глазгов Ренџерс, а тој директно го нападнал својот соиграл Нико Шулц.

Ова не било изолиран инцидент и наводно Англичаанецот честопати влегувал во конфликт со соиграчите, иако ситуацијата се поправила под водство на капитенот Емре Џан.

Од друга страна, Белингем добро се прилагоди на животот на „Сантијаго Бернабеу“, откако кралскиот клуб плати 103 милиони евра за неговиот трансфер, веќе постигнувајќи гол во првиот меч од новата сезона против Атлетик Билбао.

Scroll to Top