Top Sport

Барса го враќа младиот Чави од ПСЖ

Фудбалерот на ПСЖ, Чави Симонс нема да го продолжи договорот со „Светците“ пренесуваат шпанските и француските медиуми. Договорот на Холанѓанецот истекува на крајот на сезонава.

Следна дестинација на 19-годишниот фудбалер од средниот ред најверојатно ќе биде Барселона, клубот од каде проника и од каде во 2019-та се пресели во Париз.

Симонс и неговиот агент Мино Раиола сакаат гаранција дека ќе игра во првиот тим на Покетино, но Аргентинецот има свое размислување:

„Имам објаснување. Во тимот имаме 33 играчи, не е идеално за млад играч во текот на неделата да тренира со сениори и тогаш да остане дома да игра Плејстејшн. Му треба конкуренција, затоа го оставам на располагање на младите селекции. Мојот стручен штаб и јас сакаме да работиме со млади играчи, но нему не му е потребен само простор, мора и да почувствува дека може да игра, дека ја имаа таа опција. Таа можност сега не постои“ рече Покетино.

Чави Симонс за првиот тим на ПСЖ одигра само два официјални меча.

Scroll to Top