Top Sport

Барса и Гремио се договорија за Артур

Бразилецот Артур Мело ќе се пресели во Барселона, потврди претседателот на неговиот актуелен клуб Гремио, Ромилдо Болзан. Артур има 21 година, игра во редот за врска и е еден од најталентираните бразилски фудбалери на таа позиција.

„На добар пат сме да го завршиме трансферот. Документите се уште не се потпишани, но трансферот е во завршна фаза. Мислам дека се ќе биде готово за ден или два. Некои работи зависат од правните прашања, но верувам дека наскоро се ќе биде завршено“, рекол Болзан за бразилската телевизија „Фокс“.

Барселона за трансферот на Артур издови 30 милиони евра, а шампионот на Јужна Америка низа разни бонуси ќе можа да заработи уште десет милиони евра.

Шпанските медиуми пренесуваат, дека клубовите се договориле Артур да остане во Гремио до јануари 2019 година, а потоа да се пресели на „Ноу Камп“.

Артур со Барселона ќе потпише петгодишен договор.

Scroll to Top