Top Sport

Буфон в пензија по завршувањето на сезоната

Како што пренесе „Кориере дела Сера“, голманот на Јувентус и италијанската репрезентација Џанлуиџи Буфон, по завршувањето на сезоната ќе стави крај на кариерата.

Буфон најави дека оваа сезона ќе биде последна во неговата кариера, откако не успеа да се пласира со репрезентацијата на Светското првенство во Русија. Легендарниот голман имаше план Мундијалот да биде последното големо натпреварување во неговата кариера.

Поради ова, привремениот италијански селектор Луиџи Ди Бјаџо, најави дека Буфон ќе биде повикан за пријателските натпревари што Италија ќе ги одигра кон крајот на овој месец, бидејќи како што рекол „Буфон заслужил на подобар начин да се прости од репрезентацијата“.

Буфон ја одби ваквата можност со образложение дека повеќе не сака да им го зема местото на младите голмани.

Буфон, иако нема да игра на Светското првенство, има можност сезоната да ја заврши со три трофеи, а секако дека најзначен би бил оној кој е наменет за победникот во Лигата на шампионите, единствениот пехар што го нема освоено во кариерата.

Scroll to Top