Барселона се согласила да го продаде Холанѓанецот Мемфис Депај на Ателтико Мадрид за 3 милиони евра плус бонуси, јавуваат повеќе шпански медиуми, откако „јорганџиите“ ги отфрлија можностите за трампа за Јаник Караско.
Договорот доаѓа откако тренерот Чави Ернандез најави дека ќе зборува со Мемфис за неговата иднина во клубот, по што тој не се појавил на тренингот наа каталонскиот клуб, кој потоа се согласил на трансферот.
Депај беше поготвен да замине од Барселона уште во текот на летниот преоден рок, но ги одби понудите од Њукасл и Галатасарај, а бидејќи неговиот договор со Барселона завршува во текот на летото, ова беше последна шанса Барселона да заработи нешто од трансферот. Мемфис би требало да добие далеку поголема минутажа со тимот на Диего Симеоне, посебно бидејќи има „празнина“ во тимот по позајмицата на Жоао Феликс во Челси.