Top Sport

Барса и без Меси е пресилна за Јуве со Роналдо!

По еден од најдраматичните денови во историјата на каталонскиот клуб, по потврдата на Лионел Меси дека заминува од клубот, Барселона стигна до 3:0 победа над Јувентус на „Ноу Камп“ во пријателски меч за трофејот „Жоан Гампер“, покажувајќи дека „има живот“ и без Аргентинецот.

Несомнен ѕвезда на пријателскиот меч беше новото засилување на Барселона, Холанѓанецот Мемфис Депај, кој постигна го постигна првиот гол уште во третата минута од мечот, по што му асистираше на Мартин Брејтвајт за вториот гол во 57. минута. Младиот Рики Пуиг во 93. минута од мечот стави точка на убедливата победа на тимот на Роналд Куман.

За Јувентус, повторно под палката на Макс Алегри, ова е само една контрола, но и потсетување дека за остварување на сонот за титулата од ЛШ ќе биде потребно многу поголемо залагање од неговите фудбалери.

Scroll to Top