Top Sport

Барса и Јуве договарале нова размена

Јувентус и Барселона договарале нова размена на фудбалери, тврдат италијанските медиуми. Двата клуба на почетокот на неделата си разменија играчи Миралем Пјаниќ од наредната сезона ќе игра во Барселона, а на неговото место во Јувентус доаѓа Артур Мело.

Главна ѕвезда во размената која ја договорале треба да биде Антоан Гризман. Францускиот репрезентативец на последните четири натпревари само еднаш беше стартер кај Кике Сетиен. Незадоволен е од статусот што го има меѓутоа тврди дека нема намера да го напушти „Ноу Камп“.

Минатото лето Барселона за неговиот трансфер издвои 120 милиони евра.

Барселона го понудила Гризман во замена за Даглас Коста и Адриен Рабио. Тренерот Маурицио Сари не задоволен од овие двајца фудбалери.

Инаку Рабио минатото лето кога пристигна во Јувентус се поврзуваше и со трансфер во Барселона.

Scroll to Top