Top Sport

Де Роси главен кандидат за клупата на Фиорентина

Легендарниот капитен на Рома Даниеле Де Роси е главен кандидат за тренер на Фиорентина тврди новинарот Џанлука Ди Марцио.

Де Роси во јануари ја заврши кариерата како играч на Бока Јуниорс. Во Аргентина тој играше шест месеци откако претходно две децении беше во Рома.

Поранешниот италијански репрезентативец никогаш не криел дека сака да работи како тренер.

Покрај Де Роси кандидат за клупата на „виолетовите“ е и Лучано Спалети, но според ДИ Марцио таа опција е помалку веројатна.

Фиорентина игра лошо оваа сезона, на осум кола до крајот на Серија А се наоѓа на 13 место со само шет поени повеќе од Лече кој е во опасната зона.

Scroll to Top