Преговорите за продолжување на договорот на Лионел Меси со Барселона стартуваат овој месец, тврди шпанска „Марка“, откако Аргентинецот не ја искористи опцијата во неговиот договор да замине на крајот на оваа сезона.
Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу веќе неколку пати се обидуваше да преговара за продолжување на договорот на Меси по крајот на сезоната 2021, но сега веќе од следната недела може да се почне да се разговара сериозно.
Одговорен за преговорите ќе биде самиот претседател Бартомеу, заедно со генералниот директор Оскар Грау, додека за Меси, како и секогаш, ќе преговара неговиот татко Хорхе.
Меси сака да ја заддржи опцијата да се откаже од договорот на секоја сезона, како што имаше досега. Тој ќе наполни 33 години овој месец, и иако е во топ-форма, сака да има „отворена врата“ ако сака да замине.
Меси сигурно останува, заврши можноста да си замине од Барса