Top Sport

Барса и Сити ќе одиграат пријателски меч во хуманитарни цели

Барселона и Манчестер сити, вечерва ќе одиграат пријателски натпревар во хуманитарни цели. Имено, поранешниот голман и тренер на Барселона, Хуан Карлос Унзуе, успеа да договори меч меѓу два европски титани, а целиот приход ќе оди во истражувачкиот центар за амиотрофична латерална склероза (АЛС).

Пред две години, Унзуе се разболе од оваа тешка болест и сега се обидува на секој начин да му помогне на истражувачкиот центар да добие што е можно повеќе пари за да може да продолжи со својата работа во борбата против болеста за која нема лек.

„Конечно дојде овој момент и мислам дека ќе биде многу добро, ќе уживаме“, го најави натпреварот Унзуе. ој во понеделникот го постели тренинг-кампот на Манчестер сити во Џирона. Таму се сретнал со тренерот на Сити. Потоа имал разговори со тренерот на Барса, Чави Ернандез и играчите Роберто Левандовски и Серхи Роберто.

„Серхи Роберто ја загуби мајка си од АЛС и е силно вклучен во помагањето во истражувањето на болеста“, откри Унзуе.

„Многу сум возбуден бидејќи беше тешко да се организира овој натпревар. Двата клуба, особено Барселона, имаат многу работа, но посветеноста на оваа цел е пред се. Барса има многу проблеми, но тие веднаш ја прифатија понудата. Ви благодариме“, рече Унзуе.

Хуан Карлос Унзуе е поранешен голман, кој остави најголем белег во Севилја од 1990 до 1997 година, а интересно, претходно бранеше за Барса, од 1998 до 1990 година во „златната ера“ на Јохан Кројф, но беше резервен голман.

Кога ја заврши кариерата, Унзуе се вработи како тренер на голманите во 2003 година кога Жоан Лапорта првпат стана претседател на Барселона. Унзуе беше тренер на голманите во ерата на Франк Рајкард и Пеп Гвардиола, но имаше уште поголемо влијание како помошник на Луис Енрике од 2014 до 2017 година.

Барса со него во стручниот штаб во овој век освои четири ЛШ, по една со Рајкард и Луис Енрике и две со Пеп Гвардиола.

Scroll to Top