Top Sport

Меси сам заработува колку Гризман, Суарез и Дембеле

Поради пандемијата со коронавирусот фудбалерите на Барселона се согласиле платите да им бидат намалени. Барса мора да скрати на трошоците кај своите вработени од проста причина што клубот секој ден губи многу пари.

Фудбалскиот портал „90мин“ ја објави листата на десетте најплатени фудбалери на Барселона. Предничи Лионел Меси чија годишна плата изнесува 40 милиони евра.

Зад Аргентинецот е Антоан Гризман чија плата изнесува 18 милиони евра. Тој заработува два милиони евра повеќе од Луис Суарез.

Преку десет милиони евра годишно заработуваат уште Усман Дембеле (12 милиони евра) и Френки Де Јонг (10 милиони евра).

Серхио Бускет има годишна плата од девет милиони евра, а потоа следуваат четворица со годишена заработувачка од 8,5 милиони евра (Жорди Алба, Џерар Пике, Иван Ракитиќ и Артуро Видал).

Scroll to Top