Шпанската Ла Лига ќе продолжи на 11 јуни со градското дерби во Севилја. На „Санчез Писхуан“ од 22 часот 28 коло ќе го отворат Севилја и Бетис.
Шпанците планираат да се одиграат 110 натпревари за 39 дена што значи дека секој ден во просек ќе се играат по три натпревари.
Според распоредот што го објавија на 12 јуни ќе играат Гранада-Хетафе (19.30 часот) и градскиот дуел Валенсија-Леванте (22 часот).
Саботната програма на 13 јуни ги носи натпреварите Еспањол-Алавес (13), Селта-Вилјареал (17), Леганес-Валјадолид (19.30) и Мајорка-Барселона (22).
Колото ќе го затворат во недела на 14 јуни Атлетик Билбао-Атлетико Мадрид (13), Реал Мадрид-Еибар (19.30) и Реал Сосиедад-Осасуна (22).