Top Sport

Барса има нов голман

Фудбалскиот клуб Барселона официјално го заврши првиот трансфер во актуелниот преоден рок. Клубот донесе голман кој ќе му биде резерва на Тер Штеген. Во прашање е Бразилецот Нето, доскорешниот прв голман на Валенсија.

Ако добро се погледне целата ситуација Валенсија и Барселона практично извршија размена на голманите.

Валенсија на Барселона пред неколку дена и плати 35 милиони евра за Јаспер Силесен и тој во новата сезона ќе биде прв голман на тимот од „Месталја“. Во спротивен правец замина Нето, а Барса ќе им ги врати парите на колегите од Валнесија, иако не сите.

Валенсија ќе добие 26 милиони евра, а останатите девет милиони се предвидени да бидат исплатени низ разни бонуси.

Поранешниот голман на Фиорентина и Јувентус, со Барселона потпишал договор до 2023 година, а отпусната клаузула изнесува 200 милиони евра.

Scroll to Top