Top Sport

Барса има пеколен распоред во октомври

Барселона сезоната, во која ја брани титулата во Примера, ја започна со четири лесни победи, а потоа падна во „црна дупка“ и во наредните три кола, против противниците што се далеку од врвот на шпанскиот фудбал освои само два бода.

Ротациите во составот му се „удрија од глава“ на тренерот Ернесто Валверде, поради што започнаа шпекулациите дека тој ќе биде сменет од функцијата. Валверде, минатата сезона супериорно ја освои титулата и Купот во Шпанија, но критичарите не можат да му ја простат елиминацијата од Рома, во четврт-финалето во Лигата на шампионите.

Сега истите тие по три неуспеси бараат негова смена.

Добро упатените во она што се случува во каталонскиот фудбалски гигант, велат дека засега позициите на Валверде се стабилни, но доколку не успее на најдобар начин да го заврши овој месец, тогаш ќе мора да г пакува куферите.

Барселона во октомври има навистина пеколен распоред, а проблем за Валверде ќе биде и перидот што е резервиран за репрезентативните настапи.

„Пеколот“ за Барселона започнува задутре, на 3.октомври кога ќе му гостува на Тотенхем во Лигата на шампионите. Потоа, на 7.октомври на Барселона ќе гостува во Валенсија.

По паузата за репрезентативните натпревари, Барселона ја очекуваат три тешки дуели на домачен терен. На „Ноу Камп“, најпрвин ќе гостува Севилја во првенството на 20.октомври, четири дена потоа и Интер во Лигата на шампионите, а пеколниот месец Каталонците ќе го завршат на 28.октомври кога ќе го пречекаат најголемиот ривал Реал Мадрид.

Scroll to Top