Top Sport

Раџа: Дивац не е националист

Дино Раџа, легендата на хрватската кошарка, потсетувајќи се на случката во Буенос Аирес во 1990 година, рекол дека Владе Дивац не е националист.

Членот на „Куќата на славните“, за Хрватската радио телевизија (ХРТ) говорел за многу работи во кариерата.

На прашањето која е најдобрата петорка до 1992 година Раџа одговорил: „Тони (Кукоч), Дражен (Петровиќ), Дивац, Јуре (Здовц) и јас“.

Потоа го коментирал и своето пријателство со Дивац.

„Бевме дел од таа фантастичана екипа ‘Бормио 87’. Поминавме бувално се, делевме соба, некогаш немавме ништо, патувавме со вагони за добиток, бидејќи во нормалните вагони немаше место“, рекол Раџа, а потоа рекол дека Дивац не е националист.

„Не е, доколку во тоа време некој мене ми пријдеше со српско знаме и јас би го направил истото“.

Дивац, по финалето на Светското првенство во 1990 година, во Буенос Аирес, во кое Југославија славеше над СССР, му го зеде знамето со хрватската шаховница и го фрли.

Scroll to Top