Не е тајна дека Барселона ќе се обиде да го донесе Лаутаро Мартинез на „Ноу Камп“. Откупната клаузула на Аргентинецот од 1 до 15 јули ќе изнесува 111 милиони евра. Каталонците се обидуваат да вклучат играчи во овој трансфер, а доколку тоа не им успее имале и „план Б“.
Ако не успеат со Лаутаро тогаш ќе се свртат кон Александер Исак младиот напаѓач на Реал Сосиедад.
Швеѓанецот оваа сезона за Сосиедад одиграл 27 натпревари и успеал да постигне седум гола. Особено беше импресивен во четврт-финалето на Купот кога Сосиедад го елиминираа Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“.
Исак на почетокот на сезоната во Сан Себастијан пристигна од Дортмунд за 6,5 милиони евра. Во договорот има откупна клаузула од 70 милиони евра.