Фудбалскиот клуб Барселона објави дека Серхи Бархуан ќе го наследи Роналд Куман. Поранешниот играч на Барселона е тренер на Б-тимот.
„Серхи Бархуан, актуелниот тренер на Барса Б, привремено ќе ја преземе одговорноста и ќе го води првиот тим. Ангажманот ќе му заврши кога клубот ќе потпише договор со новиот тренер“, соопшти Барселона.
Серхи ќе дебитира во сабота притив Алавес, а веројатно ќе го предводи тимот и против Динамо Киев, односно Селта.
Роналд Куман доби отказ по поразот од Рајо Ваљекано (1:0). Овој пораз е четврти на последните шест натпревари, во сите натпреварувања.
Каталонските медиуми тврдат дека новиот тренер на Барселона ќе биде Чави. Според нив, тој ќе го преземе клубот во текот на репрезентативната пауза.