Барселона во саботата одигра 2:2 во Сан Себастијан против Реал Сосиедад. Каталонците си направија лоша увертира пред дербито со Реал Мадрид, меѓутоа во клубот сметаат дека се оштетени во финишот на мечот.
Според луѓето од Барселона сшорен е моментот во судиското надополнување на времето во второто полувреме, кога пред голот на Сосиедад беше срушен Џерар Пике.
За сличен прекршок во 12 минута Реал Сосиедад добија пенал.
Шпанското радио „Радиоестадио“ вчерва објави дека првиот човек на Барселона подготвува протесно писмо кое ќе го испрати до Луис Рубиалес, првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Шпанија.
Спорната ситуација во финишот на мечот можете да ја погледнате тука.