Top Sport

Пелегрини може да здивне, Вест Хем победија во Саутемптон (Видео)

Фудбалерите на Вест Хем победија на „Сент Мери“ стадионот во Саутемптон со 1:0. Оваа победа барем за момент го тргна притисокот од менаџерот Мануел Пелегрини.

Вест Хем со овој триумф стигнаа до 19 бод во сезоната. „Чеканите“ се на 15 место, додека Саутемптон останаа во опасната зона со само 15 бода. За „светците“ ова беше десеттиот пораз во сезоната.

Мечот во Саутемптон го реши најскапото засилување на Вест Хем во преодниот рок, Себастијан Алер. Францускиот интернационалец голот го постигна во 37 минута.

Scroll to Top