Барселона ќе биде без својот напаѓач Роберт Левандовски во следните три кола во Ла лига, откако неговата суспензија беше, конечно, потврдена по неуспешната жалба на каталонскиот клуб.
Шпанскиот административен спортски трибунал (ТАД) ја одби жалбата на клубот за суспензијата која Левандовски ја доби откако му беше покажан втор жолт картон на мечот против Осасуна на 8 ноември. Барса ја искористи можноста за жалба за да му дозволи на Левандовски да игра против Еспањол минатиот викенд.
Тренерот Чави исто така го очекуваше Левандовски за дербито со Атлетико Мадрид во недела, но тој сега ќе мора да биде отстранет од тимот. Левандовски има 13 гола во 15 меча во Ла лига оваа сезона. Барселона, иронично, има можност за уште една жалба, а Левандовски ќе може да игра во Копа дел Реј и во Шпанскиот Суперкуп, кој на програмат е следната недела.