Top Sport

Барса ја засилува дефанзивата со Фирпо од Бетис

По доведувањето на „Ноу Камп“ на Френки де Јонг, Антоан Гризман и Нето, Барселона ја засилува левата бековска позиција со играчот на Реал Бетис, Доминиканецот Јуниор Фирпо (22), јавува каталонски „Спорт“.

Утринава младиот фудбалер ги поминал лекарските прегледи и во текот на денот клубот би требело службено да го објави неговиот трансфер тежок 18 милиони евра.

Фирпо со семејството живее во Шпанија од неговата шестгодишна возраст, а во Бетис дојде во 2014 година, како 18-годишник. Минатата сезона дебитираше во првата екипа и остави одличен впечаток. На 43 меча постигна 5 гола и имаше 7 асистенции.

Со младата селекција на Шпанија неодамна стана европски шампион, а во тимот на Барса ќе му биде конкуренција на „недопирливиот“ Жорди Алба кој игра на истата позиција.

Scroll to Top