Top Sport

„Газета“: Бобан и Малдини преговараат со Атлетико за Анхел Кореа

Милан денеска го потврди доведувањето во клубот на репрезентативецот на Алжир, Исмаел Бенасер, а од порано во клубот стигнаа Тео Хернандес, Раде Круниќ и Рафаел Леао.

„Газета“ денеска пишува дека во текот на следната недела ќе биде разрешено прашаето со уште едно засилување на „Росонерите“.

Звонимир Бобан и Паоло Малдини, според информациите, преговараат со челниците на Атлетико Мадрид за трансфер на „Сан Сиро“ на Анхел Кореа. Милан, наводно, понудил 40 милиони евра, а „јорганџиите“ бараат 50 милиони, па сега се бара компромис.

Милан на Кореа му нуди петгодишен договор со годишна плата од 3,5 милиони евра што е за 1 милион повеќе од неговата сегашна плата на „Ванда Метрополитано“.

Scroll to Top