Јапонските спонзори на Барселона, „Ракутен“ објавија дека ќе објават документарна серија во осум епизоди фокусирана на сезоната 2018/19 следниот месец, вклучувајќи и посебна епизода за „тој“ пораз од Ливерпул, кога англискиот клуб ги елиминираше со 4:0 победа на „Енфилд“ откако првиот меч го загубија со 3:0.
Трејлерот за серијата веќе е објавен и во него веќе има неколку „трагични“ сцени на реакцијата на фудбалерите во соблекувалната по легендарниот пораз по кој Ливерпул ја освои својата шеста европска титула.
„’Мечдеј’ ќе биде првиот официјален документарен филм за Барселона во кој ќе се покажуваат детали кои малкумина ги знаат. Првпат камерата го следи првиот тим на и надвор од теренот“, се вели во најавата на серијата.