Top Sport

Евролига: Миротиќ ја „крена“ Барса против Ефес (видео)

Никола Миротиќ блесна во првиот меч во Евролигата по петгодишна пауза за да ги предводи Барселона до гостинска 74:64 победа над Анадолу Ефес. Црногорецот со шпански пасош постигна 9 од своите 24 поени во последната четвртина за импресивна победа на тимот на Светислав Пешиќ.

Шејн Ларкин и Адриен Мерман се повредени и недостасуваа во тимот на Ефес, за кој Алек Петерс имаше 16 поени, а Василије Мициќ додаде 14 поени и 5 асистенции. На другата страна Миротиќ имаше 24 поени со 5-од-8 за два и 4-од-8 за три поени, а Малколм Дилејни додаде 11 поени и 7 асистенции во своето враќање во Евролигата.

Свој кам-бек во елитната европска кошарка имаше и Алба Берлин, кои со 85:65 ги победија Зенит Санкт Петербург, кои пак, првпат во својата историја играат во натпреварувањето. Лендри Ноко имаше 16 поени без утнат обид од поле, а Маркус Ериксон додаде 15 за германскиот клуб.

„Староседелците“ Басконија ја почнаа сезоната со импресивна 70:58 победа на гости кај Жалгирис во Каунас, предводени од Шејвон Шилдс, кој имаше 19 поени, од кои 15 во првото полувреме. Гостите водеа со 37:30 и и покрај кам-бекот на Жалгирис, на крајот стигнаа до импресивна победа.

ЕВРОЛИГА, 1.КОЛО

Жалгирис Каунас – Басконија 58:70 (19:19, 11:18, 16:18, 12:25)

Анадолу Ефес – Барселона 64:74 (14:19, 12:18, 20:12, 18:25)

Алба Берлин – Зенит Санкт Петербург 85:65 (24:18, 23:13, 20:19, 18:15)

Лион-Вијербан – Олимпијакос 82:63 (21:24, 19:9, 16:14, 26:16)

Валенсија – ЦСКА Москва 71:96 (17:24, 21:26, 16:26, 17:20)

Scroll to Top