Top Sport

Барса ќе одлучи каде ќе оди Ракитиќ

Иван Ракитиќ ќе ја напушти Барселона по завршувањето на сезоната. Наводно тој се договорил со Севилја меѓутоа каталонските медиуми тврдат дека тој нема да има можност да бира, туку околу неговиот нов клуб последниот збор ќе го има Барселона.

На „Ноу Камп“ ја одредиле цената за Ракитиќ, таа изнесува 20 милиони евра. Бидејќи неколку клубови покажаа интерес за Хрватот Барса ќе ја прифати најголемата понуда.

Покрај Севилја сериозен интерес за Ракитиќ покажува Атлетико Мадрид, а според последните информации во трката за неговиот потпис имале намера да се вклучат Милан и Пари Сен Жермен.

Од друга страна желабата на Ракитиќ и неговото семејство е да останат во Шпанија. Самиот неколку пати изјавил дека би сакал да се врати во Севилја каде би ја завршил кариерата.

Scroll to Top