Top Sport

Клоп ќе тргне по Лирој Сане

Јирген Клоп и Ливерпул ќе се обидат да им го расипат на Баерн Минхен планираниот трансфер на Лирој Сане.

Баерн се обидува да го донесе во Минхен фудбалерот на Манчестер сити уште од минатото лето, се шпекулира дека Баварците се подготвени да издвојат околу 100 милиони евра.

Со оглед на финансиските проблеми со кои се соочуваат клубовите во екот на пандемијата со коронавирусот прашање е колку оваа сума сега е реална. Сигурно е само дека Сане ќе ги напушти „граѓаните“.

Поради повредата со која се здоби на отворањето на сезоната Сане има одиграно само еден натпревар за Манчестер сити оваа сезона.

Според англиските медиуми Баерн добиле жесток конкурент во Клоп кој исто така се насочил кон крлниот напаѓач на германската репрезентација.

Scroll to Top