Мартин Брејтвајт во преодниот рок ќе ја напушти Барселона. Клубот од „Ноу Камп“ по истекот на јануарскиот преоден рок, поради повредите на Усман Дембеле и Луис Суарез, ја искористи опцијата што ја нуди Ла Лига и го ангажираше напаѓачот на Леганес за 18 милиони евра.
Брејтвајт (29) за Барселона во Ла Лига одигра 11 натпревари и постигна еден гол. За услугите на Брејтвајт сериозна понуда испратиле од Вест Хем.
Клубот од Премиер лигата нуди 20 милиони евра за Данецот што значи дека Барселона ќе ги врати парите што ги потроши во февруари и уште ќе заработи два милиони евра.