Top Sport

Барса лесно се справи со Бока на „Трофеј Жоан Гампер“ (видео)

Барселона стигна до 3:0 победа над Бока јуниорс во 58. издание Трофеу Жоан Гампер, традиционалниот пријателски меч со кој се означува стартот на новата сезона во Ла лига.

Мечот секогаш се одржува на „Ноу Камп“ и е именуван во чест на Жоан Гампер, еден од основачите на клубот, кој беше фудбалер и претседател на Барселона. Првото издание на трофејот се одржа во 1966 година.

Првиот гол на мечот го постигна новото засилување на Блауграна, Малком во 18. минута, а во 39. минута, Лео Меси со убав лоб удар носи 2:0 предност. Рафиња во 67. минута зголемува на 3:0 по една убава акција.

Барса имаше уште неколку шанси, преку Филипе Кутињо и Томас Вермален, но на крајот се задоволи со удобна победа пред стартот на вистинските тестови.

Scroll to Top