Top Sport

Виктор Мозес се откажа од репрезентацијата на 27 години

Нигерискиот дефанзивец на Челси, Виктор Мозес објави дека се повлекува од националниот тим и покрај тоа што има само 27 години, велејќи дека сака да се посвети на клупската кариера.

Мозес веќе шест години настапува за „супер орлите“, дебитирајќи во 2012 година откако играше за Англија во младинските репрезентации, собирајќи 37 настапи и 12 гола.

„Би сакал да објавам дека многу размислување направив одлука да се повлечам од интернационалниот фудбал. Со „супер орлите“ имав фантастични искуства и сеќавања кои ќе траат цел живот и ништо нема да се спореди со чувството кога го носите националниот дрес. Има многу млади фудбалери чие време доаѓа и време да се фокусирам на клупската кариера и моето семејство“, напиша Мозес.

Scroll to Top