Top Sport

Барса на Валенсија, Севилја против џелатот на Реал

Шпанската фудбалска федерација со ждрепка ги одреди полуфиналните двојки во Купот на Кралот.

Леганес, тимот од преградито на Мадрид, кој во средата, сензационално го елимина Реал, за пласман во финалето ќе игра двомеч против Севилја, која во четвртфиналето убедливо го елиминира Атлетико Мадрди.

Втората двојка ја формираа Барселона и Валенсија. Барселона изминатите три години е најдобра во Купто на Кралот.

Првите натпревари ќе се одиграат на 31 јануари, а реваншите на програмата ќе бидат на 7 февруари.

Финалниот меч во Купот на Кралот ќе се одигра на 21 април.

Scroll to Top