Top Sport

Меси, кралот на „Ноу Камп“

Барселона синоќа преку градскиот ривал Еспањол избори пласман во полуфиналето на Купот на Кралот, натпреварување чии пехар последните три сезони го освојува тимот од „Ноу Камп“.

Барселона за 25 минути ја надомести негативата од еден гол која ја имаше по првиот меч и со головите на Луис Суарез и Лионел Меси се пласира меѓу најдобрите четири екипи во Купот.

Она што е интересно, а е поврзано со овој меч е 25.минута и моментот кога Меси, со мала помош на Налдо го постигна голот за 2:0.

Прецизната статистика објави дека тој гол 4.000. постигнат на „Ноу Камп“.

За да се дојде до оваа бројка, според статистиката, биле потребни 60 години бидејќи најголемиот стадион во Европа е отворен во 1957 година.

Она што помалку е нестварно е што Меси учествувал во постигнувањето на 10 отсто одо тие голови.

Аргентинецот од дебито на „Ноу Камп“ во 2004 година до синоќа постигнал 302 гола и запишал 102 асистенции.

Scroll to Top