Напаѓачот на Џирона, Кристијан Стуани, се наоѓа пред трансфер во Барселона, објавија неколку шпански медиуми. Барселона решиле да ја активираат откупната клаузула од 15 милиони евра за да го реализираат трансферот на 32-годишниот напаѓач.
Барселона е во потрага по напаѓач од моментот кога за еден милион евра Мунир Ел Хадади замина во Севилја.
Трансферот во Барселона ќе претставува круна на кариерата за овој напаѓач, кој игра во голема форма во изминатите две сезони. За Џирона, Стуени има постигнато 33 гола на 47 одиграни натпревари.
Во тековното првенство Стуани е трет стрелец со 12 гола. Пред него само се неговите идни соиграчи Лео Меси (17) и сонародникот Луис Суарез (14).
Стуани во кариерата играч за Бела Виста и Данубио во Уругвај, односно за Реџина, Албасете, Леванте, Расинг Сантандер, Еспањол и Мидлзброу.