Top Sport

Барса наместо Пјаниќ размислува за Фабијан Руиз

Барселона може да се сврти кон фудбалерот од средниот ред на Наполи, Фабијан Руиз, ако не успеат да се договорат со Јувентус околу Миралем Пјаниќ, објавува „Ел мундо депортиво“.

Блауграна се согласи да го замени Пјаниќ со Артур Мело, но Бразилецот одбива да замине во Италија, и додека двата клуба бараат алтернатива, првите луѓе на Барселона размислуваат и за Фабијан Руиз.

24-годишниот Руиз е шест години помлад од Пјаниќ, но од Неапол нема да го пуштат за помалку од 60 милиони евра. Руиз пристигна во Наполи од Реал Бетис во 2018 година, покажувајќи фантастични игри за „партенопеи“. Но, тој одби да потпише продолжување на договорот, јасно посочувајќи дека чека трансфер во голем тим.

Scroll to Top