Top Sport

Нема нови позитивни тестови на корона во Премиер лигата

Премиер лигата потврди дека нема нови позитивни тестови на корона вирусот во лигата, што заедно со одлуката на британската влада дека од 1 јуни може да се оддржуваат спортски натпреварувања без гледачи, носи позитивна атмосфера пред враќањето на лигата.

Четвртиот сет на КОВИД-19 беа направени на 1.130 фудбалери и членови на клубовите на 28 и 29 мај, и ниту еден од нив не бил позитивен.

„Премиер лигата ги објавува овие податоци за да се зачува интегритетот и транспарентноста на нашето натпреварување. Нема да се даваат одредени детали за клубовите или индивидуалците“, се вели во објавата на Премиер лигата.

Во првиот сет тестирања имаше шест позитивни случаи од три клуба, во вториот сет имаше двајца позитивни во два клуба, а во третиот и четвртиот немаше ниту еден.

Планот на Премиер лигата е да се вратат на натпреварувањето на 17 јуни, но уште не е утврдено дали ќе се игра на неутрални стадиони.

Scroll to Top