Шпанскиот фудбалски репрезентативец, Дани Олмо најверојатно уште во јануари ќе ги напушти редовите на Лајпциг, пишува новинарот на германски „Билд“ – Кристијан Фалк.
„Барселона не планира да се откаже од Олмо и во зимскиот преоден рок тргнуваат во нова акција. Планот на Барселона е да го позајми Олмо за вториот дел од сезоната и тогаш да го откупи неговиот договор за 60 милиони евра“ пишува „Билд“.
Барса е првиот избор и за фудбалерот, но доколку клубот од „Ноу Камп“ не успее да пронајде пари, 23-годишниот Шпанец би можел кариерата да ја продолжи во Англија. Ситуацијата на релација Лајпциг-Барселона будно ја следат првите луѓе на Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити, тврди Фалк.
Доколку Олмо би направил трансфер во Барса, веста би ги израдувала и првите луѓе на Динамо Загреб. При трансферот од Загреб во Лајпциг била потпишана согласност клубот од „Максимир“ да добие 20% од следниот евентуален трансфер на Шпанецот. Во пари тоа би значело дека „модрите“ ќе се офајдат за околу 8 милиони евра.