Барселона влегуваат во новата финансиска година на 1 јули без да осигураат ниту една продажба на играч, нешто што може да создаде огромни проблеми при регистрацијата на новите играчи, тврди „Мундо депортиво“.
Феран Торес, Ансу Фати и Франк Кеси беа фудбалерите кои управата на чело со претседателот Жоан Лапорта сметаа дека мора да бидат продадени, а покрај тоа пет позајмени фудбалери ќе се вратат во тимот, со што ќе додадат 51 милиони евра на платниот список, кој сега е на 520 милиони евра, тврди „МД“. Во клубот се враќаат Клемен Ленгле, Самуел Умтити, Сержињо Дест, Густаво Маја и Алекс Колјадо, кои исто така беа поставени на листата на играчи на продажба, но не беа продадени.
Тоа ќе биде голем проблем за способноста на Барса да ангажира нови засилувања во следните 12 месеци, а под ризик е и регистрацијата на двете нови засилувањ, Микајил Фаје и Илкај Гундоган.
Ситуацијата сега е таква што Барселона можат да искористат само 50 отсто од средствата кои ќе ги добијат за продажба на играчи.