Top Sport

Милан го купија Лофтус-Чик од Челси за 18.5 милиони фунти

Рубен Лофтус-Чик и официјално е фудбалер на Милан, откако го комлетираше медицинскиот тест и потпиша четиригодишен клуб со италијанскиот клуб.

Англичанецот пристигнува од Челси за вкупно 18.5 милиони фунти, или 21.5 милиони евра, од кои Милан исплати директно 16 милиони евра.

Лофтус-Чик има 10 настапи за англиската репрезентација, а произлезе од фудбалската академија на Челси, и никогаш нема играно за клуб надвор од Лондон, бидејќи покрај за „сините“, играше и како позајмен играч во Фулам и Кристал палас. Пред една година тој имаше сериозна повреда на ахиловата петица, по што минатата сезона имаше 33 настапи за Челси и две асистенции.

Тој е последниот од низата фудбалери кои го напуштија „Стемфорд Бриџ“ покрај Едуар Менди, Калиду Кулибали и Н’Голо Канте, кои заминаа во Саудиска Арабија, Каи Хаверц кој потпиша за Арсенал и Матео Ковачиќ, кој е нов фудбалер на Манчестер сити. Покрај ова, Мејсон Маунт е пред преселба во Манчестер јунајтед, а Хаким Зијеш исто така е на листата на играчи кои ќе бидат продадени ова лето.

Scroll to Top