Top Sport

Барса нема дадено гол од слободен удар од заминувањето на Меси

Барселона одамна ја заврши ерата на Лионел Меси кога не му дадоа нов договор во 2021 и дозволија тој да замине во Пари Сен-Жермен, за ова лето да премине во Интер Мајами, и се вратија со титула минатата сезона, но во еден аспект никако не им оди – головит од слободен удар.

„Ел мундо депортиво“ открива дека и покрај тоа што имале дури 42 обиди, Барселона не постигнала гол од слободен удар од 3 мај 2021 година, кога токму Меси постигна гол од слободен удар против Валенсија. Ова значи дека каталонскиот гигант во 2 години и 4 месеци немаат гол од слободен удар, додека во исто време, Меси постигнал дури 9 гола од ваква позиција, за ПСЖ, Интер и за Аргентина, вклучувајќи еден против Боливија во четвртокот.

Меси има вкупно 65 гола од слободен удар во кариерата – 50 за Барса, 11 за Аргентина, 2 за ПСЖ и 2 за Интер Мајами. Сега му се потребни само 12 гола за да го сруши рекордот на Бразилецот Жунињо Пернамбукано, кој има 77 гола од слободен удар.

Scroll to Top