Top Sport

Барса нема намера да го продаде Гризман

Антоан Гризман и неговите застапници одржале состанок со челниците на Барселона. На состанокот разговарале за неговата иднина на „Ноу Камп“. Гризман не се снајде најдобро во Барселона по трансферот од Атлетико Мадрид, на последните пет натпревари тој само два пати беше стартер кај Кике Сетиен.

Минималната улога која ја има во тимот ги поттикнаа медиумските шпекулации дека францускиот напаѓач ќе биде продаден во перодниот рок.

Сепак на состанокот тој добил уверување дека клубот сериозно смета на неговите услуги во наредната сезона и дека Барселона нема намера да го продаде.

„Сериозно сметаме на тебе и во наредната сезона“, ја пренесува „Лекип“ пораката која на Гризман му ја испратил спортскиот директор Ерик Абидал.

Гризман оваа сезона одиграл 44 натпревари во сите натпреварувања има учинок од 15 голови и четири асистенции.

 

Scroll to Top