Top Sport

„Барса нема пари да донесе супер-ѕвезда“

Виктор Фонт, еден од тројцата кандидати за нов претседател на Барселона, не сака навивачите да им дава лажни ветувања. Во предизборната кампања тој решил да ги соочи со суровата вистина и да ги открие проблемите со кои се соочува клубот.

Историјата покажва дека претседателските кандидати кампањите ги темелат су ветувањата кои супер-ѕвезди ќе пристигнат во тимот. На тој начин собираат гласови. Ниту оваа кампања не е исклучок, разликата е само што еден од тројцата решил да не дава такви ветувања, бидејќи Барселона се наоѓа во тешка финансиска криза.

„Заборавете на Мбапе, Халанд и други ѕвезди. Барселона нема пари за да донесе такви играчи“, рекол во една радио емисија Фонт.

Тој потврдил дека е можно до крајот на преодниот рок во клубот да пристигне Ерик Гарсија.

„Утре, ние како претседателски кандидати, ќе се сретнеме со в.д. претседателот Тускетс и доколку е тоа можно ќе се обидеме што е можно поскоро да го вратиме во Барселона“.

Лајт-мотив на кампањата што ја води Фонт се Лионел Меси и клупската легенда Чави.

„Меси ќе остане доколку му преставиме победнички проект. Се уште не сум разговарал со него, тоа го направи Чави. Верувам дека Чави ќе го убеди дека нашиот проект е најдобар за Барселона“, заклучил Фонт.

Изборите во Барслеона требаа да се одржат на 24.јануари, но поради пандемијата се одложени за 7.март.

Scroll to Top