Top Sport

Кирјос: Ѓоковиќ никогаш нема да биде Г.О.А.Т, па тој мене не може да ме победи

Ник Кирјос продолжи вербално да го напаѓа Новак Ѓоковиќ. Откако пред два дена Кирјос рече дека Ѓоковиќ е будала, во најновата изјава вели дека за него српскиот тенисер никогаш нема да биде Г.О.А.Т.

„Не е важно колку Гренд слем трофеи ќе освои, за мене никогаш нема да биде најголемиот во историјата. Причината е што два пати играв против него и ако не мпже мене да ме победи тогаш не може да биде најголемиот во историјата“, рекол Кирјос.

Ѓоковиќ и Кирјос играа два пати во 2017 година, кога српскиот играч имаше проблеми со повредата на лактот на десната рака.

Кирјос славеше 7:6, 7:5 во Акапулко и 6:4, 7:6 на мастерсот во Индијан Велс.

Scroll to Top