Top Sport

Барса немаше проблеми кај третолигашот Сеута

Барселона рутински се пласираше во четврт-финалето на шпанскиот Куп на кралот, откако на гостувањето кај Сеута стигна до убедлива 0:5 победа. Иако тренерот на Сеута, Хозе Хуан Хил беше навреден кога Чави Ернандез кажа дека имале „среќа“ со ждрепката, на крајот ова се покажа како вистинска прогноза за каталонскиот тим.

По неизвесното прво полувреме, во кое Сеута успешно се бранеше, во 43. минута, Рафиња го отвори резултатот, пред во второто да се види целосната доминација на гостите. Роберт Левандовски во 50. минута зголеми на 0:2, за сите сомнежи за резултатот да бидат решени со головите на Ансу Фати (70.) и Франк Кеси (77.).

Полјакот Левандовски постигна уште еден гол во 90. минута за потврда на високиот триумф.

Scroll to Top