Top Sport

Барса нудат 40 милиони евра за Амрабат

Барселона се подготвени да ги платат 40-те милиони евра кои Фиорентина ги бара за мароканскиот репрезентативец, Софијан Амрабат, тврдат каталонските медиуми.

26-годишниот Амрабат импресионираше на Светското првенство во Катар, каде што беше „мотор“ на репрезентацијата која го направи најголемиот успех во нивната историја, стигнувајќи до четвртото место.

Според каталонските медиуми, Барселона како први избор ги имаала Мартин Зубименди и Рубен Невеш, но нивните потписи би го чинеле клубот премногу пари во ситуација во која се испаднати од Лигата на шампионите и мораат да ги намалат проекциите за заработувачката оваа сезона. И Тотенхем беа заинтерсирани за Амрабат.

Scroll to Top