Top Sport

Барсa нуди 10 милиони евра да си врати „свое дете“, Сити не го пуштаат

Екипата на Барселона сака да внесе свежина во дефанзивниот ред, па на Манчестер Сити му нуди 10 милиони евра за услугите на 19-годишниот Ерик Гарсија.

Според пишувањата на „Ел Мундо Депортиво“, од Сити не сакаат да чујат да го пуштат Гарсија кој е талент излезен токму од школата на Каталонците.

Од Барса наводно се подготвени да ја зголемат понудата до 15 милиони евра, па доколку „граѓаните“ и оваа сума ја одбијат, тогаш тимот од „Ноу Камп“ ќе чека до идното лето кога истекува договорот на играчот, па тој ќе може да го ангажираат бесплатно.

Инаку Пеп Гвардиола изјави дека играчот ја одбил понудата за нов договор.

Минатата сезона, Ерик Гарсија одигра 20 натпревари во сите натпреварувања.

Scroll to Top