Top Sport

Семенја изгуби на суд, па порача: Не дозволувам да ме дрогираат!

Двојната олимписка победничка на трките на 800 метри, Јужноафриканката Кастер Семенја го загуби судскиот спор во кој бараше поништување на пресудата на Спортскиот арбитражен суд (CAS) со која се бара од неа да зема лекови за да се намали нивото на тестостерон што го има во крвта.

Семенја во мај минатата година поднесе жалба на ваквата пресуда, но швајцарскиот суд и ја одби жалбата. Образложението е дека подврнувањето на лекарства или хируршки интервенции како предуслов за натпреварување не преставува кршење на швајцарската јавна политика.

„Многу сум разочарана со пресудата, но одбивам Светската атлетска федерација да ме догира или да ме спречи да бидам она што сум. Загрозувајќи го нашето здравје поради природните способности ја става светската атлетика на погрешната страна на историјата“ рече 29-годишната атлетичарка.

Инаку, тестостеронот ја зголемува мускулната маса, силата и хемоглобинот што влијае на издржливоста, па се смета дека жените што имаат вишок од овој хормон имаат неправедна предност.

Scroll to Top