Top Sport

Барса нуди 60 милиони евра за „новиот Пирло“

Барселона понудила 60 милиони евра за младиот фудбалер на Бреша Сандро Тонали тврди „Кориере дело Спорт“. Покрај паричната понуда Барселона во Бреша била подготвена да испрати уште двајца играчи од Б-тимот чија вредност се проценува на пет до седум милиони евра.

Тонали (20) е навивач на Милан меѓутоа овој клуб не може да понуди повеќе од 40 милиони евра за неговите услуги. Талентираниот играч го следат и ПСЖ, Јувентус, однносо Реал Мадрид.

Сепак сумата што ја нуди Барселона не ги задоволува апетитите на претседателот на Бреша, Масимо Челино. Првиот човек на Бреша би го пуштил големиот талент за пет пати поголема сума, односно за 300 милиони евра.

Scroll to Top