Top Sport

УЕФА реши што ќе се случи доколку првенствата не завршат

Извршниот одбор на УЕФА преку видео-линк одржа состанок. Единствена тема била завршницата на националните шампионати, односно како ќе се одредува пласманот во европските купови доколку првенствата не бидат завршени.

Доколку сезоната не заврши тогаш ќе се гледа актуелниот пласман на табелата и според тој пласман ќе бидат одредени тимовите кои ќе играта во Лигата на шампионите и Лига Европа.

Вечера беше најавено дека доколку сезоната биде прекината тогаш УЕФА ќе ги одредува патниците во европските купови според клупската рејтинг-листа.

Извршниот одбор на УЕФА решил во случај некој клуб да има помалку одиграни натпревари, тогаш ќе се гледа просекот на освоени поени по натпревар и на тој начин ќе биде одреден конечниот пласман.

Ваквата одлука на УЕФА значи дека од Македонија квалификации за Лигата на шампионите би играл Вардар, а во квалификациите за Лига Европа би се нашле Силекс, Шкендија и Ренова.

Инаку УЕФА уште еднаш потврди дека заедно со националните сојузи ќе ги вложи сите напори сезоната да продолжи и да заврши најдоцна до 3 август.

Scroll to Top