Top Sport

Барса обезбеди кредит од 500 милиони евра, ќе ги плати долговите!

„ЕСПН“ тврди дека Барселона, под водство на новиот претседател Жоан Лапорта, обезбедила кредит од 500 милиони евра од банката „Голдман Сакс“, од кои 100 милиони евра ќе пристигнат веднаш за да може да се исплатат неисплатените плати на фудбалерите.

Како и повеќето големи европски клубови, Барса се мачат со проблеми со финансиите поради пандемијата на КОВИД-19 и беа потребни свежи средства за да се осигура иднината, нешто што Лапорта успеал да го добие од американската инвестициска банка.

Според „ЕСПН“, ситуацијата со платите во тимот била толку лоша, што дел од фудбалерите биле подготвени да одат до Шпанската фудбалска федерација и до ФИФА.

Долгот на Барселона сега е фантастични 1.2 милијарди евра!

Scroll to Top