Top Sport

Барса очајно сака да го продаде Кутињо за да не плати на Ливерпул

Барселона очајнички бара купувач за Филипе Кутињо ова лето, не само поради слабата форма и повредите кои го мачат Бразилецот, туку поради клаузулата со која ќе треба да му платат на Ливерпул уште 17 милиони фунти, тврди „Мундо депортиво“.

Кутињо пристигна на „Ноу Камп“ во договор вреден фантастични 140 милиони фунти на почетокот на 2018 година, но оваа цифра беше поделена во низа на „рати“ со гарантирани 103 милиони и други 15 клаузули. Главната од овие клаузули вели дека Барса ќе плати дополнителни 17 милиони фунти ако 28-годишниот Кутињо има 100 настапи за клубот, а Бразилецот веќе има 90 настапи.

Претходно беше објавено дека Барселона должи над 140 милиони евра на 19 различни клубови за трансфери, така што клубот сака да се ослободи од трошоците што е можно побргу под водство на новиот претседател, Жоан Лапорта. Кутињо е во аут со повреда на коленото, за која мораше да оди на операција.

Scroll to Top